Се најдовме на пол пат во Охрид и оваа година

Со љубов од Македонија – CHERRY summer tennis camp, Охрид 2022 – Цреша спорт

Спојувањето на луѓе, енергии, простори и времиња отсекогаш било голем предизвик за Човештвото. Да се најдеш на пол пат со некого, нешто и при тоа да изградиш нов свет, да создадеш некој нов универзум и не е така лесна задача… Веројатно тоа им успева само на луѓе со посебна дарба кои знаат својата креативна сила да ја отелотворат преку медиумот кој го одбрале и чија снага знаат како да ја искористат – превземено од ФБ објава на Македокс.

Cherry тимот со своите пријатели и другари, незаборавно дружење на тениски терен

И оваа година ЦРЕША СПОРТ, по шести пат по ред, организираше спортско тениски камп во Охрид, под веќе традиционалното име „ Со љубов од Македонија“. На едно место се најдоа малите играчи од Македонија, Србија и Германија. Вредни, подготвени за игра, нови сознанија и нови тениски искуства, тие десет дена неуморно работеа и од ден на ден го подигаа своето тениско ниво, под тренерско водство и организација на тренерите Вилма, Мишко и Тончи Марковски.

За истегнувањето и за омилените јога вежби и оваа година беше задолжен Дејан Новковски.

Тренинзите беа организирани во повеќе нивоа и тоа црвен, портокалов и зелен тенис, како и напреден натпреварувачки тенис.

Се играше и се тренираше од утро до мрак…

Охрид е преубав навечер, а подеднакво убаво е и на тениски терен.

Оваа година малите играчи имаа можност да ги следат и тренинзите на Davis Cup репрезентативците на Македонија, Горазд Србљак и Обрад Марковски, и да ги видат своите национални идоли на терен во сличен процес како својот.

Слободниот ден го искористија за посета на Вевчани, Струга и Радожда. Во единствениот вкус на охридската пастрмка уживаа сите, и мали и големи. А исто така големо уживање предизвика возењето на СУП кој го овозможи SPORTACTIVE.MK

Дневната пауза децата ја користеа за бањање и водени лудории и најчесто можеа да се видат на плажата на хотелот Метропол. Исто така посетуваа некои од знаменитостите на Охрид. Пренесуваме фотографии кои ги добивме од градските прошетки.

Заштита на очите од сончевите зраци на камп е неопходна… а богами и тренди е…

Уживање за сите и бескрајна игра…

CHERRY тимот така го помина летото во Охрид. Се сретнаа на пол пат со некого и нешто и при тоа заедно изградија еден нов волшебен тениски свет. До следното видување, следната година, ве поздравуваат сите и ви праќаат еден обичен, убав поздрав СО ЉУБОВ ОД МАКЕДОНИЈА!

Детаљније Се најдовме на пол пат во Охрид и оваа година

Огласи


Оставите одговор

Ваша адреса е-поште неће бити објављена. Неопходна поља су означена *

Оставите одговор

Ваша адреса е-поште неће бити објављена. Неопходна поља су означена *