Važni informacii od TFSM – od 01.03.24. – Skopje

Do site klubovi členki na TFSM bea isprateni ovie tri važni informacii koi vi gi prosleduvame vo celost…


BJKC tim…

Почитувани клубови,

BJKC тимот на Македонија оваа година игра во II Евро-африканска зона во периодот 8-15 април во Вилнус, Литванија.

Како и секоја година така и оваа тренерскиот тим одлучи да има еден јуниор во тимот. Со оглед на тоа што единствен турнир до последниот рок за пријава на конечниот тим (11 Март) во календарот на ТФСМ е на 2 Март 2024 година, ги повикувам сите јуниорки да бидат дел од истиот. Турнирот ќе се земе во предвид околу изборот на јуниорката која ќе биде дел од конечниот тим (напомена дека турнирот не е единствениот критериум за избор).

Би сакал да истакнам дека BJKC е професионално натпреварување и според правилата на ITF за да се биде дел од тимот играчот мора да има наполнето 14 години до понеделникот кога започнува турнирот (8 Април 2024) 

Правило број 13.1.1.2 од BJKC Rules and regulations …..

– have reached her 14th birthday by the first day of the Tie (for Qualifier and Play-off Ties) or the Monday of the week of the Event (for the Finals Week and Regional Groups);

Доколку имате дополнителни прашања Ви стоиме на располагање да одговориме.

Ви посакуваме успешен турнир, 

BJKC тим 

Димитар Лабудовиќ – капитен 

Кристијан Вангелов – асистент 


Rabotilnica – juniorski komitet…

Почитувани,

Се ближат нашите припреми за настапот на Развојниот шампионат во Анталија.

Јуниорскиот комитет ќе одржи прва работилница со родители и тренери.

Тема на истата ќе биде годишната програма на јуниорите.

Ќе биде разговарано за:

– Програма за тренинг и турнири

– Соработка играч-тренер-родител

– Очекувања на играчите

– Прашања и идеи

Ги покануваме сите клубови, родители и тренери да присуствуваат.

Датум на одржување: Петок, 1 Март, Тенис Поинтер 11:00 часот.

Ве молиме вашето присуство да го потврдите на +389 78298766.

Со почит,

Јуниорски комитет


Svetski den na tenisot 2024…

Почитувани клубови – членови на ТФСМ,

  • Се приближува Светскиот ден на тенисот – 4ти март. Согласно временските услови и можноста за обезбедување на соодветен јавен простор, Тениската Федерација во месец март ќе го обележи овој ден со организација на „Фестивал на тенисот“. Деталите и информациите за местото и времето на одржување на овој настан ќе бидат дополнително објавени.
  • Месец март ќе го искористиме и за промоција на сите клубови членки на ТФСМ на социјалните профили на ТФСМ со поставување на слики/кратки видеа и најбитни информации за клубот. Затоа, Ве повикуваме најкасно до 29ти февруари – четврток, да ни доставите 2 слики од терените од клубот, лого или слика која е симбол на клубот, или кратко промотивно видео и кратки информации: адреса, одговорно лице, контакт инфо, број и вид на терени. Објавата на промотивните материјали за клубовите ќе се одвива по азбучен ред на името на клубот.
  • Препорачуваме и Вие како носители на тенисот во нашата држава, согласно Вашите можности и услови, во месец март да организирате одредена активност со која ќе го обележите овој меѓународен датум во тенисот.

Како можност за промоција на тенисот како спорт, Ви даваме неколку предлози кои би можеле да ги организирате во рамки на вашите клубови:

  • Бесплатен тенис викенд за деца , попуст на термини и сл.
  • Кондициони тренинзи низ игра и забава на терените,
  • Делење на промотивен материјал по околните училишта,
  • Поставување на рекламен постер во рамки на клубот,
  • Организирање на гостување на јавна личност која рекреативно се занимава со тенис
  • Објави на вашите профили на социјалните мрежи : најголемиот успех на ваш член – видео, интервју, споделување невообичаени моменти и искуства
  • Објава на кратки видеа: детски тенис: кој им е идол, зошто, која им е најголема замислена цел и сл.

Доколку за реализација ви е потребна помош од страна на федерацијата, стоиме на располагање по претходно најавени активности да помогнеме за одржување на планираниот настан. Ве молиме најкасно до 29ти февруари, да ни доставите предлог и потреба доколку ја имате од ТФСМ.

Да ја искористиме оваа прилика на Светскиот ден на тенисот и заеднички да направиме засилена промоција на тенисот во Македонија.

Со почит,

Горан Шевченко, Спортски директор


Детаљније Važni informacii od TFSM – od 01.03.24. – Skopje

Огласи


Оставите одговор

Ваша адреса е-поште неће бити објављена. Неопходна поља су означена *

Оставите одговор

Ваша адреса е-поште неће бити објављена. Неопходна поља су означена *