Ана и Калин најдобри на портокаловиот турнир, ОП на Македонија до 10г. – ТК Охрид, Охрид – 13. – 14.08.22.

Претстојниов викенд, 13-14 август 2022 во ТК Охрид, Охрид се одржува Отворено првенство на Македонија за момчиња и девојчиња до 10 години, портокалов турнир, од календарот на Тениска федерација на Северна Македонија. Следете го турнирот на сајтот Мали играчи!!!

… детски турнир во едно од најубавите места во свет, Охрид

Победници на овој портокалов турнир се Ана Спасеска, кај девојчињата и Калин Митевски кај момчињата. Второпласирана кај девојчињата беше Јована Атанасовска , а кај момчињата Дамјан Стефанов. Честитки за најдобрите и за сите кои играа!

Во очекување сме на комплетните резултати од овој возбудлив турнир

Другари пред се, Коста, Максим и Дамјан

Во рамките на овој турнирски викенд се одржа и ЦРВЕН ТУРНИР за најмалите учесници. И тие имаа можност да покажат што знаат и умеат.

Детаљније Ана и Калин најдобри на портокаловиот турнир, ОП на Македонија до 10г. – ТК Охрид, Охрид – 13. – 14.08.22.

Огласи


ТК Охрид овој период беше домаќин на повеќе турнири од календарот на Тениската Федерација на Северна Македонија, за кои веќе пишувавме. Исто така на терените на овој клуб можеа да се видат и Davis Cup репрезентативците на Македонија, Горазд Србљак (моментално 890 во сингл и 789 во дубл на ATP ранг листата) и Обрад Марковски (моментално 1240 во сингл и 1029 во дубл на ATP ранг листата), кој по напорната прва половина од професионалната сезона одмараа и се подготвуваа за вториот дел од сезоната 2022 токму тука.

Чекор по чекор до поставената цел и за малите играчи и за оние не така мали играчи.

Оставите одговор

Ваша адреса е-поште неће бити објављена. Неопходна поља су означена *

Оставите одговор

Ваша адреса е-поште неће бити објављена. Неопходна поља су означена *