Во пероиодот од 19 до 21 февруари 2022 на терените на ТК Мондано во Скопје се одигра Зимското отворено првенство за јуниорки и јуниори до 16 години. Турнирот се играше на два терена со вештачка трева. Главен судија и делегат на МТФ беше Оливер Димановски.
Најдобра во конкуренцијата на јуниорки е Катја Ивановска – ТК МТП, која во финалето беше подобра од Јана Божиновска – ТК Југ, со резултат 6-3 6-1.
Трето место освоија Теона Андова – ТК Југ и Сара Митевска – ТК МТП.
Најдобар во конкуренција на јуниори е Александар Трифуновски – ТК Југ, кој во финалето беше подобар од Лука Јанкуловски – ТК Мондано, со резултат 6-1 6-3.
Трето место освоија Филип Атанасовски – ТК Југ и Петар Пирганоски – ТК Прилеп.
Детаљније Катја Ивановска и Александар Трифуновски – победници на Зимското отворено првенство за јуниорки и јуниори до 16 години во ТК Мондано – Скопје
Резултати:
Novi komentari