Претстојниов викенд, 17-18 септмври 2022 во ТК Поинтер, Скопје се одржува турнир за момчиња и девојчиња до 10 години, портокалов тенис од календарот на Тениска федерација на Северна Македонија. Судија на турнирот Оливер Димановски.
Јована Атанасовска освои прво место на овој турнир во конкуренција на девојчиња. Таа во финалето беше подобра од Марија Попоска со резултат 3:4(6) 4:0 7:5. Крајно возбудлив меч го одбележа ова финале. Полуфиналисти на турнирот се Дариа Ѓоргиевска и Сара Стојчевска.
Победник на турнирот кај момчињата е Калин Митевски. Тој во финалето беше подобар од Томи Јакимовски со резултат 4:1 4:1. Полуфиналисти на турнирот се Олег Мирчевски и Максим Дојчинов.
Огласи
Конечни резултати:
Novi komentari