Цреша спорт ја започнува и новата 2023 со организација на тениски камп за напредни натпреварувачи и за оние кои се наоѓаат на влез на квалитетно јуниорско натпреварувачко ниво. Овој пат тоа е Зимски CHERRY камп во Белград во период од 02. до 06. јануари 2023.
Head coach на кампот е Мишко Марковски. А пријавените натпреварувачи ќе имаат можност во период од 5 дена да поминуваат на терен 4 часа во две одделни тренинг сесии заедно со членовите на Cherry тимот од Белград. Дополнителните активности (кои редовно ги пратат сите CHERRY кампови) ќе бидат дополнително дефинирани зависно од составот на пријавени играчи.
мало потестување на активностите во Скопје оваа есен
Зошто зимски CHERRY камп?
- можност да учите од и да го надоградите своето тениско знаење со еден од најдобрите тренери во регионот
- да играте и тренирате со тимот на играчи кои се меѓу најдобрите во Србија
- да го искористите зимскиот распуст за дополнителна тениска програма од редовната
- да се запознаете со средината која важи за тениски центар во регионов
- да запознаете нови другари
- да поминете 5 незаборвни дена во Белград
Што е потребно за учество на овој камп?
- Потребно е да се пријавите на време. Рок на пријава е до 20.12.2022. Пријавите се прават на вибер контакт: +381 61 665 48 61 (контакт Вилма Марковска)
- Потребно е да го организирате својот престој во Белград. Ова е убава можност да споите две во едно, празничен семеен престој во Белград и квалитетен тренажен старт на новата година
- Потребно е да сакате да напредувате и да имате желба да од ден на ден станувате подобри и подобри
Цена на кампот
- 5 дена Зимски CHERRY камп =250 евра
- дневна карта за Зимски CHERRY камп = 60 евра
- за членовите на CHERRY тимот цените се со попуст од 15%
- во цента на кампот се вклучени сите работилници и додатни активности
- Годишната чланарина за CHERRY тимот иѕнесува 25 евра
Мало потсетување на летниот CHERRY камп во Охрид 2022 можете да разгледате ОВДЕ
Детаљније Зимски CHERRY камп во БелградОгласи
Novi komentari