5 работи кои родителите на малите играчи можада ги направат веднаши да му помогнат на своето дете да игра подобро

Родители, постојат барем пет можности да му помогнете на своето дете да игра натпреварувачки тенис подобро и тоа веднаш! Патем не мислам на тоа да со нив удирате топчиња, да им давате совети, да ги терате да дигаат тегови, трчаат спринтови или да работат тренинг на агилност.

Но мислам на тоа да вие го регулирате вашето однесување така што вашата „игра“, како родители, биде подобра. Како мислите „мојата игра“? Да токму тоа мислам, Вие имате улога која треба да ја одиграте и кога играте добро, му помагате на своето дете да се опушти, да се забавува и да игра меч како на тренинг.

Па да поминеме на петте работи кои ќе ја подобрат вашата игра


Детаљније 5 работи кои родителите на малите играчи можада ги направат веднаши да му помогнат на своето дете да игра подобро
Cherry Cup Skopje 2022, Skoplje, Skopje Severna Makedonija, Cherry Sport

5. Избегнувајте мешање во расправиите на терен доколку е можно. Позната ви е таа ситуација. Противникот на вашето дете сомнително ги пријавува поените кога топчето же падне во близина на линијата. Убедени сте дека тој или таа лажат. Сакате да кажете нешто. Меѓутоа имајте на ум дека и другите родители побеснуваат кога возрасен човек вика или се кнфронтира со нивното дете. Родителски инстинкт е да се реагира агресивно во таа ситуација. Дури и ако само навестите дека нивното дете лаже и одите на тоа да поразговарате со нив, може да западнете во невоља. Наместо тоа научете го своето дете како да се носи и да реагира на лажење и неправда.

Така да кога ќе се најде во таква ситуација, наместо да биде шокирано, изненадено и збунето, вашето дете ќе има план, ќе го спроведе и повторно ќе може да се фокусира на играта


4. Не се обидувајте да ја подигнете самодовербата на своето дете пред меч, говорејќи му дека ќе победи. Наместо тоа, кажете му дека ќе игра добро и потсетете го зошто мислите така. Вредно работело, неговиот/нејзиниот бекхенд е подобрен… Знам дека некои нема да се согласат со мене на оваа тема, но еве објаснување. Кога на своето дете пред меч ќе му кажете дека ќе победи или дека е подобро од својот противник, што ќе се случи кон крајот на првиот сет, на пр. Кога и понатаму нема брејк, а вашето дете е на сервис? Или ако дозволи брејк веќе на почеток на сетот. Честопати се јавува панична реакција. На детето му е кажано дека е подобро, а тоа чувствува дека нема простор за грешка. Мора да победи за да ги исполни очекувањата. Фокусирајте се на тоа да детето игра добар тенис, а нека резултатот биде таков каков ќе биде.



3. Избегнувајте споредби и престанете да зборуватте за жребот. Верувајте ми, играчите несакаат споредби со други играчи. Дури и ако тоа има за цел да научат важна лекција. И посебно несакаат споредба пред или после мечот. Наместо тоа, усмерете го своето дете да се фокусира на своите јаки страни и својата тактика. Тоа е тоа што детето може да го контролира.

Исто така, незборувајте за жребот, било да сакате да проектирате против кого детето ќе игра во подознежна фаза на турнирот, ниту пак да зборувате за тоа колку жребот е тежок. Како спортски психолог сакам спортистот да биде посветен на сегачниот момент. Во теј случај неговите перформанси ќе се најдобри. Доколку го извлечете своето дете од сегашниот момент и збпорувате за минатото или иднината , тоа нмајверојатно ќе создаде стрес и дистракција. Наместо тоа обидете се повторно да го вовлечете во сегашниот момент , фокусирајќи се на она што детето може да го контролира.


Dvoransko prvenstvo Srbije do 12 godina 2022, Teniski savez Srbije, Teniski klub Đukić Beograd

2. Избегнувајте гунџање и недозволувајте вашите нерви да создадат стрес кај детето. Ова е уште еден облик на родителско однесување кое на малите играчи им оди на живци. Сетете се на состојбата на свест која играчот сака да ја постигне пред меч: опуштен, смирен, полн со самодоверба, подготвен и сигурен во својата тактика за претстојниот меч. Кога детето ќе го прашате дали ги понело патиките или доволно вода…, само го иритирате. Наместо тоа поразговарајте со своето дете за тоа што сака да зборува или само замолчете. Јас сакам моите играчи да го визуализираат својот настап пред мечслушајќи музика, па затоа им е потребен и сопствен простор за да се подготват за меч.

Да нема недоразбирање, ова не е повик за малите играчи лошо да се однесуваат кон своите родители. И играчите и родителите треба да ги разберат потребите и на едните и на другите и истовремено да се флексибилни.


Mentalni trener tenisera Ljubica Jovanović

За крај, ако сте загрижени дека вашето дете нема да се подготви за меч без одредена доза на ваше гунџање, подгответе чек-листа. Направете листа на работи кои вашето дете треба да ги стави во ранец и вечерта пред меч кажете му да провери дали е се подготвено како треба. Тоа ќе овозможи вие да се чувствувате сигурни дека вашето дете ќе понесе се што му е потребно и нема да има потреба од дополнителни коментари на денот на турнирот.


1. Избегнувајте емотивни реакции на трибина. Ова го ставив под број еден, затоа што на малите играчи во голема мера вијаат родителите на трибините. Родителите кои пружаат поддршка, кои се смирени и прибрани, можат да имаат смирувачки ефект во моментите на најголем притисок. Сафросани, нервозни, лути родители, го пореметуваат мирот на детето и тоа може да се почувствува посрамотено. Во таков случај родителите стануваат само уште една препрека која детето треба да ја совлада. Дајте се од себе да останете опуштении полни со поддршка на трибините, дури и во моменти кога не оди добро. Ако својата улога ја сватите како некој кој помага на детето да остане смирено, ќе ви биде и вам полесно да останете смирени во ситуации кога притисокот на терен е голем.



За да ја поправите својата „игра“ како родители на малите тенисери/тенисерки би требало веднаш да ги направите овие пет работи. Вашето дете ќе умее тоа да го цени и можеби ќе успеете да им помогнете да одиграат подобро веќе на следниот меч

Извор:

http://tennismentaledge.blogspot.com/2012/11/five-things-tennis-parent-can-do.html

Оставите одговор

Ваша адреса е-поште неће бити објављена. Неопходна поља су означена *

Оставите одговор

Ваша адреса е-поште неће бити објављена. Неопходна поља су означена *