ЦРЕША СПОРТ во склоп на својата програма „Cherry училиште за спорт и тенис“ го организираше петтиот по ред „Играм, учам, собирам…“ турнир. Турнирот е со едукативен и натпреварувачки карактер и денес го играа шест деца. Тие имаа можност да ги искористат закажаните термини во целост, на најдобар можен начин, играјќи мечеви секој со секого со формат, еден краток сет до 4 гема. Воедно, низ мечевите, учеа за сите пропратни состојби поврзани со турнирскиот меч. Ги совладуваа (на свој терен, во пријателски и едукативен амбиент) сите детали кои тенискиот меч, го прават тоа што е. Размислуваа за контрола на теренот, контрола на ротации и контрола на емоции. Тоа го прават и на тренинзите, а ова беше само уште една можност да се стекнат со нови играшки искуства и да ја состават својата игра во реален меч. Се натпреваруваа на црвено и портокалово ниво.
Денес играа:
Тамара Нелковска 2015 – црвено ниво
Моника Димитровски 2012 – портокалово ниво
Марин Димитровски 2014 – портокалово ниво
Алек Трајкоски 2012 – портокалово ниво
Мартин Трајкоски 2012 – портокалово ниво
Олег Џартовски 2014 – портокалово ниво
Најмногу гемови освои Мартин Трајкоски.
Детаљније Едукативен турнир “Играм, учам, собирам…бр. 5”

Малите играчи имаа можност и да научат што се им е потребно и како се подготвуваат за турнир. Што се треба да содржи тениското ранче, кој го подготвува и кога. Многу важни информации за растење и созревање низ тениската игра. Каков тоа спортист ќе си, доколку мама ти го подготвува ранецот за турнир.
Во најава за април е следниот Играм, учам, собирам… бр.6 и учеството на црвениот и портокаловиот турнир во организација на МТФ на кој членовите на Cherry тимот и програмата на Цреша спорт – Cherry училиште за спорт и тенис, за прв пат ќе настапат на турнир од календарот на МТФ.









Novi komentari