Igram, učam, sobiram crven i portokalov turnir, Igram, učim, sakupljam, dečji teniski turnir, Cherry Sport Skopje

Едукативен турнир “Играм, учам, собирам…бр. 5”

ЦРЕША СПОРТ во склоп на својата програма „Cherry училиште за спорт и тенис“ го организираше петтиот по ред „Играм, учам, собирам…“ турнир. Турнирот е со едукативен и натпреварувачки карактер и денес го играа шест деца. Тие имаа можност да ги искористат закажаните термини во целост, на најдобар можен начин, играјќи мечеви секој со секого со формат, еден краток сет до 4 гема. Воедно, низ мечевите, учеа за сите пропратни  состојби поврзани со турнирскиот меч. Ги совладуваа (на свој терен, во пријателски и едукативен амбиент) сите детали кои тенискиот меч, го прават тоа што е. Размислуваа за контрола на теренот, контрола на ротации и контрола на емоции. Тоа го прават и на тренинзите, а ова беше само уште една можност да се стекнат со нови играшки искуства и да ја состават својата игра во реален меч. Се натпреваруваа на црвено и портокалово ниво.

Денес играа:

Тамара Нелковска 2015 – црвено ниво

Моника Димитровски 2012 – портокалово ниво

Марин Димитровски 2014 – портокалово ниво

Алек Трајкоски 2012 – портокалово ниво

Мартин Трајкоски 2012 – портокалово ниво

Олег Џартовски 2014 – портокалово ниво

Најмногу гемови освои Мартин Трајкоски.


Детаљније Едукативен турнир “Играм, учам, собирам…бр. 5”
Igram, učam, sobiram crven i portokalov turnir, Igram, učim, sakupljam, dečji teniski turnir, Cherry Sport Skopje
Портокалов CHERRY тим

Малите играчи имаа можност и да научат што се им е потребно и како се подготвуваат за турнир. Што се треба да содржи тениското ранче, кој го подготвува и кога. Многу важни информации за растење и созревање низ тениската игра. Каков тоа спортист ќе си, доколку мама ти го подготвува ранецот за турнир.

Во најава за април е следниот Играм, учам, собирам… бр.6 и учеството на црвениот и портокаловиот турнир во организација на МТФ на кој членовите на Cherry тимот и програмата на Цреша спорт – Cherry училиште за спорт и тенис, за прв пат ќе настапат на турнир од календарот на МТФ.


Cherry Sport logotip, međunarodni dečji turnir u Skoplju Cherry Cup Severna Makedonija


Оставите одговор

Ваша адреса е-поште неће бити објављена.

Оставите одговор

Ваша адреса е-поште неће бити објављена.