Igram, učam, sobiram crven i portokalov turnir, Igram, učim, sakupljam, dečji teniski turnir, Cherry Sport Skopje

Едукативен турнир “Играм, учам, собирам…бр. 4”

На 13.02.2022 на терените на АТК премиум клуб, а во организација на Цреша спорт се одигра детскиот, натпреварувачко едукативен турнир “Играм, учам, собирам…бр.4”. Се работи за четврти по ред турнир од овогодишниот циклус на турнири “Играм, учам, собирам…” кои Цреша спорт ги организира во склоп на својата програма за детски тенис “Cherry училиште за спорт и тенис”. Турнирите се со едукативен и натпреварувачки карактер и им овозможуваат на малите играчи да на најдобар и безболен начин се вклучат во натпреварувачкиот систем. Низ игра и додатни активности тие ги учат сите тајни на натпреварувањето, собираат знаење, искуство и уживаат во секој момент поминат на тениски терен и околу него.

Овој турнир се играше на црвен и портокалов терен.

Црвените играчи се натпреваруваа во повеќе дисциплини и во различни формати, како поединечно, така и тимски.

Портокаловите играа турнир од две фази. Групна фаза, каде собираа поени и заслужено обезбедија медаљи и елиминациона фаза каде оние кои најдобро се снајдоа и изиграа медаљите ги заменија со пехари.

Победник на турнирот е Мартин Трајкоски, а финалист е Бојана Симоновска.


Детаљније Едукативен турнир “Играм, учам, собирам…бр. 4”

Во склоп на турнирот беше организирана и креативно едукативна работилница за развој на фината моторика кај децата. Работилницата ја водеше Марија Алексовска која со огромна посветеност, трпение и љубов ги учеше малите играчи да плетат. Децата со задоволство го прифатија предизвикот да ги научат тајните на оваа вештина и ја покажаа својата креативност до таа мера што медаљите за црвените натпреварувачи сами ги направија.

Честитки за сите кои беа дел од овој настан и турнир и го најавуваме Играм, учам, собирам… бр.5 кој ќе се одржи во месец март.


Cherry Sport logotip, međunarodni dečji turnir u Skoplju Cherry Cup Severna Makedonija


Igram, učam, sobiram crven i portokalov turnir, Igram, učim, sakupljam, dečji teniski turnir, Cherry Sport Skopje

п.с. И Ноле знае да плете 🙂


Кога неплетам уживам да играм тенис !!!

Оставите одговор

Ваша адреса е-поште неће бити објављена.

Оставите одговор

Ваша адреса е-поште неће бити објављена.