Твојот тенис твоја вистинска приказна – ХАЛКИ ЦРЕШКИ – CHERRY училиште за спорт и тенис

Раскажи им на децата вистинска приказна и си ги „купил“ за цел живот

Teniski klub Cherry Sport Beograd, Teniski klub Čeri Sport Beograd, TK Čeri Sport

Повеќе за Чери спорт прочитајте овде…

Програма за среќни, весели и образувани мали тенисери, кои од првото застанување на тенискиот терен учат потребни вештини и се стекнуваат со знаења за тениската техника, игра и натпреварување. Се е прилагодено на детската возраст и можностите на секое едно дете на тенискиот терен.

Програма за црвен тени (5-8 години), портокалов тенис (8-10 години) и зелен тенис (9-11 години) по концептот на Светската тениска федерација Tennis 10s, прилагодена на МАКЕДОНСКОТО ПОДНЕБЈЕ и СКОПСКИТЕ СПОРТСКИ НАВИКИ И АМБИЦИИ.

Детаљније Твојот тенис твоја вистинска приказна – ХАЛКИ ЦРЕШКИ – CHERRY училиште за спорт и тенис

Огласи


Зошто тенис за вашето дете?

Прво играј, па од ден на ден учи како да играш подобро!

Програмата на ХАЛКИ ЦРЕШКИ – CHERRY училиште за спорт и тенис опфаќа:

  1. Два или три групни, комбинирани (тенис и моторика) тренинга неделно (во групи составени по возраст и тениско ниво)
  2. Можност на избор на предложени термини кои ви одговараат
  3. Можност за одработување на пропуштените тренинзи
  4. Обезбедена опрема за почеток на програмата
  5. Воведување на родителите во тениската приказна на своето дете (редовно информирање и споделување на знаења и информации)
  6. Организација на родителски средби
  7. Креирање на периодична лична програма за секое дете
  8. Организација на еден едукативно натпреварувачки турнир месечно
  9. Организација на едкуативни, креативни и забавни работилници
  10. Редовен спортски преглед на 6 месеци
  11. Тимски настап на турнири кои се во организација на Тениската Федерација на Северна Македонија или друг организатор
  12. Организација на заеднички патувања
  13. Организација на мини спортски кампови
  14. Организација на летен и зимски тениски камп

Заеднички настап на турнири

Едукативни, креативни и забавни работилници

Редовен спортски преглед

Цена на есенскиот пакет / основна програма – од 9 недели (09.09 – 11.11.2022):

2 пати неделно = 7200, 00 ден

3 пати неделно = 10800, 00 ден

Во цената не се вклучени партиципациите за активностите дополнителни од тениските тренинзи (доколку ги има) и вклучено е членството во Чери тимот.

Цената на основната програма е иста и за црвен тенис и за портокалов и за зелен.

Пријавете го вашето дете на време за есенската сесија и овозможете му едно комплетно спортско доживување. Тимот на Чери спорт, ги отвара вратите за некои нови убави тениски приказни и се радува на се што ни претстои заедно.

Претставете ја својата тениска школа и вие. Контактирајте ја редакцијата на Мали играчи

Оставите одговор

Ваша адреса е-поште неће бити објављена.

Оставите одговор

Ваша адреса е-поште неће бити објављена.